Д-р Чедомир Нацевски, специјализант на Клиника за уво, нос и грло – …„Она што ме мотивираше да се пријавам во Kовид центарот е истата примарна работа која ме мотивираше да се одлучам за оваа професија, а тоа е безусловно да им помагам на пациентите. Во овие моменти на пандемија предизвикот е многу поголем бидејќи фокусираноста и енергијата која ја посветува секој медицински работник дава огромен придонес за подобро здравје на граѓаните на нашата држава. Овој придонес е најголемата сатисфакција и мотивација за нас. Пораката која сакам да ја испратам до граѓаните во пресрет на празниците е да бидат со ведар дух, добро расположение и да ги почитуваат мерките. Празниците прославете ги во домашни услови во кругот на семејството или со најблиските пријатели. Да останеме совесни и одговорни. Со тоа, сите ќе си помогнеме како општество и побрзо ќе ги пребродиме овие кризни моменти“ See More