Лицата со попреченост се гласот и водичот на институциите, ни кажува…ат каде е проблемот и на кој начин да го решиме. Во изминатиот период, заеднички со граѓанските организации вложивме многу во грижата за овие лица.

✅ Сите ковид центри ќе имаат физички пристап со количка, а во неколку здравствени установи го олеснивме пристапот за овие лица;

✅ Го зголемивме пристапот кон ортопедски помагала, воведовме лесни и ултра лесни колички;

✅ За првпат, воведовме рефундација за надстандардното ортопедско помагало;

✅ Го воведовме лекот Спинраза, за најмалите деца кои имаат физичка попреченост како резултат на болеста;

✅ Обезбедивме повеќе сензорни соби, посебно за децата со попреченост во интелектуалниот развој;

✅ Во припрема е Измената на Законот за здравствено осигурување кадешто се првпат услугите кон лицата со попречености ќе бидат третирани и плаќани како здравствени услуги. See More



Source link