Со бугарскиот министер за здравство д-р Костадин Ангелов, денеска ко…претседававме со Состанокот на министрите за здравство во рамки на Берлинскиот процес, преку видеоконференциска врска. За првпат оваа година на агендата се вклучи и секторот здравство. Темата на дискусија беше здравствениот одговор во услови на ковид-19 во регионот и пошироко, како и координиран пристап за слободно движење на луѓе, стоки и услуги, притоа држејќи ја епидемиската состојба под контрола.

Учество во дискусијата земаа претставници од Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија и Полска. Исто така, свои вклучувања имаа и претставникот на ЕУ – советник за здравство и управување со кризи Изабел Де ла Мата, регионалниот директор на Светската организација на Европа д-р Ханс Клуге, проф. д-р Јоана Ханефелд од Центарот за меѓународна здравствена заштита, Robert Koch Институт, д-р Андреа Аман директор на Европски центар за превенција и контрола на болести и д-р Мира Јовановски Дашиќ од Здравствената мрежа на Југоисточна Европа (SEEHN).

Се заблагодарив за поддршката од сите компании, амбасади, земјите од Европската Унија кои дадоа значителна помош во заштитна медицинска заштита, но и средства за зајакнување на здравствениот систем во услови на ковид. Ги информирав учесниците за поддршката и четирите пакет мерки од Владата за помош на граѓаните и компаниите и објаснив како функционира здравствениот систем во услови на ковид.

Се надевам дека резултатот од овој состанок ќе биде воспоставување на систем на подобра размена на искуствата во однос на пандемијата предизвикана од коронавирусот заедно со земјите во регионот. Исклучително е важно со земјите од Западен Балкан да воспоставиме подобра координација со цел поуспешно справување со ковид кризата. See More



Source link