И во услови на најголема светска здравствена криза, покажавме како м…оже, со работа, посветеност и целосна транспарентност кон јавноста, да создадеме доверба кај граѓаните во здравствените работници и здравствениот систем.
Во моментов состојбата со епидемијата е стабилна, но не смееме да се опуштаме. Интензивно го подготвуваме здравствениот систем за есенските месеци и сите можни сценарија, но клучно е да се почитуваат мерките и протоколите, а секое непочитување кое придонесува за ширење на вирусот да се санкционира.
Борбата со ковид и натаму е приоритет, но тоа не значи дека ќе ги запоставиме предвидените проекти за овој мандат. Кризата покажа колку е важно јавното здравство. Досега направивме сериозен исчекор и драстични подобрувања. И во следните 4 години ќе работиме на проекти за стабилен, модерен и фунционален систем на јавно здравство.
See More



Source link