Според најавата од УХМР, денеска и утре, целата држава ќе биде зафат…ена со температури од жолта (алертна) фаза. Потребно е да ги почитуваме општите мерки за заштита на нашето здравје.

➡️ Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;

➡️ Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор;

➡️ Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна;

➡️ Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци;

➡️ При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;

➡️ На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари. See More



Source link