Во услови на пандемија од ковид-19, на Клиниката за хематологија изв…ршивме и трансплантација на хематопоетски матични клетки кај досега највозрасниот пациент со акутна леукемија. 🙏

На 68 годишниот пациент Иван му посакувам успешен исход од лекувањето. Упатувам и голема благодарност до несродниот донор од Германија, кој на возраст од 21 година одлучи да донира матични клетки и да спаси човечки живот. Продолжуваме со кампањата „Биди срцевина, биди херој“. Да ја покажеме својата хуманост, да се зачлениме во регистарот на доброволни донори и да даруваме коскена срцевина. Затоа што нема поважно од здравјето на нашите пациенти, пријатели и семејство. Да се грижиме и да донираме!

Во 2018 година се направи првата несродна трансплантација на коскена срцевина и досега се извршени 16 алогени несродни трансплантации од европскиот регистер на доброволни донори и 4 алогени полуидентични трансплантации.

*Фотографиите се одобрени од пациентот. See More



Source link