Пациентите со одредени онколошки заболувања веќе нема да патуваат во… Скопје на Клиниката за онкологија и радиотерапија и својата редовна доза терапија ќе може да ја примат во најблискиот регионален онколошки центар. Во регионалните центри во Битола, Штип и Тетово ќе се прима субкутана и таблетарна терапија.
➡️ Во регионалниот онколошки центар во Битола, терапија ќе може да примаат пациентите од Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Прилеп, Македонски Брод, Демир Хисар и пациентите од селата и населените места околу овие градови.
➡️ Во онколошкиот центар во Штип се распределени пациентите од Виница, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Радовиш, Свети Николе, Струмица, Неготино, Делчево и Валандово, и пациентите од селата околу овие општини.
➡️ Кон регионалниот центар во Тетово се приклучуваат пациентите од Гостивар и Дебар како и селата околу овие општини.
➡️ На Клиниката за онкологија и радиотерапија во Скопје, својата терапија ќе продолжат да ја примаат покрај пациентите од Скопје, уште и од Куманово, Велес и Крива Паланка.
See More